добредојдовте во биомелан!

Здрави и природни сокови од органска аронија!

Нашите производи

Добредојдовте во БИОМЕЛАН!

НАШАТА ПРИКАЗНА ЗАПОЧНУВА ТУКА
ИНСПИРАЦИЈАТА ЗА БИОМЕЛАН

Мотивирани од предизвиците да се приоретизира човековото здравје и важноста на природните навики кои што се помалку се користат кај поновите генерации  ја пронајдовме Аронијата како благодет за човековото здравје. Научните изданија, анализи, како и многу задоволни конзумирачи особено во северо западна европа кои од генерации на генерации ги пренесуваат благодетите од ова овошје одлучивме да го донесеме поблиску до нашите потрошувачи, попристапно и по квалитетно.
За таа цел, во 2015 ја основавме нашата фамилијарна компанија „Биомелан“ кои што се занимава исклучиво со производство на природно ладни цедени сокови со органско и природно овошје.
Покрај производството на ладно цедени сокови, Биомелан поседува и 8 хектарски на кои се одгледува органска АРОНИЈА, која што се оддржува со специјализирана механизација и специјализиран берач за аронија. Во целиот процес ги запазуваме сите европски стандарди.

ЗОШТО БИОМЕЛАН И АРОНИЈА?

Аронијата расте на листопадна грмушка и е зрнесто овошје. Самата по себе е високо отпорна на ниски температури. Аронијата е богата со витамините Ц, Е, Б2, Б6, фолна киселина, кои помагаат во успорување на стареењето, штитат од негативните ефекти на слободините радикали и на организмот му даваат енергија, помага при алергии, помага во намалување на крвниот притисок, помага при лекување на канцерот, помага при воспаленија во стомакот, помага при прочистување на крвта.

ПРОЦЕС НА ПРОИЗВОДСТВО?

Процесот на производство на нашите органски и природни сокови со аронија, е базиран на најврвните стандарди за квалитет. Чекорите на производство се внимателно запазени, на идеална температура и влажност.
Постапките за производство на органскиот сок од аронија се следни:
1. Собирање и селекција на аронијата: Аронијата обично се бере во зрелата фаза, кога бобинките достигнуваат својата најголема зрелост и богатство на хранливи материи. Тие се собираат од растението со внимателност за да се зачуваат нивната свежина.
2. Миење и претпроцесирање: Собраните аронија бобинки се преместуваат во простории каде се извршува миење на бобинките за отстранување на земја, остатоци или нечистотии. Откако се исчистени, бобинките се претпроцесираат за да се отстрани плодното јадро, стеблото и другите непожелни делови.
3. Цедење и филтрирање: Претпроцесираните бобинки се ставаат во специјални соковници или мелници за цедење. Цедењето им овозможува на сокот да се издвои од пулпата и другите несоодветни делови. Потоа, сокот се филтрира за да се отстранат евентуални честици или нечистотии.
4. Пастеризација: Филтрираниот сок се загрева на температура за пастеризација. Оваа техника го уништува бактериите и микробите што можат да предизвикаат распад и загадување на сокот. Пастеризацијата помага да се задржи свежината и квалитетот на сокот подолго време.
5. Пакување: Пастеризираниот сок се пакува во стаклени шишиња. Ова го штити од контакт со воздухот и го задржува свеж и безбеден за консумација.

Искуства од нашите клиенти:

Ги пробав органските сокови на БИОМЕЛАН и морам да кажам дека се одличен избор за сите кои сакаат повеќе здравје и повеќе енергија во денот исполнет со обврски. Супер производ со супер квалитет и безброј придобивки. Само напред!
фИЛИП ПЕТРОВСКИ
Феноменална аронија! Секоја чест!
зорица костадиновска
Сокот од аронија навистина помага во зајакнување на имунитетот и поддршка на организмот со витамини.
СЛАВИЦА
безбедно плаќање
достава со грижа
максимална услуга
Shopping Cart